ВИДЕО: Македонецот блеска во кипарската лига, Тричковски стигна до 10 голови!

фото: EPA-EFE/WALTER BIERI

Денеска во рамките од 25 коло во најсилното првенство на Кипар составот на АЕК Ларнака со 3:1 дома го совлада Ахнас.

Вкупно пет македонски интернационалци беа на теренот, тројца во домашниот состав Иван Тричковски, Даниел Мојсов и Стефан Спировски, а за гостите Мартин Богатинов и Јован Костовски.

Гол за водство од 1:0 на АЕК Ларнака донесе репрезентативецот Тричковски во 19 минута од средбата.

На тој начин ја продолжи одличната гол форма во кипарскиот шампионат, ова е негов вкупно 10 погодок сезонава. Петта година по ред нашиот напаѓач во тамошната лига постигнува најмалку 10 голови..

Моментно на табелата АЕК Ларнака е на петтата позиција со 41 бод, 12 помалку од водечката Омонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот