ВИДЕО: Мајката на момчето кое го доби шампионскиот рекет од Ѓоковиќ објави слики кои ги воодушевија сите!

Фото: Jean Catuffe/Profimedia, twitter/Screenshot/Sodakotabella2/Profimedia

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ покрај тоа што го освои 19 грен слем во кариерата, направи фантастична работа со тоа што подари рекет со кој го достигна новиот трофеј на момчето кое беше во првиот ред.

Снимката од неговата реакција брзо се прошири на социјалните мрежи, па тоа беше едно од прашањата за Ѓоковиќ на прес-конференцијата.

Сега, на Твитер се појавија фотографии, кои ги направи мајката на пресреќното момче за време на прегратката на нејзиното дете со најдобриот тенисер на светот.

Прекрасна глетка која допрва ќе го обиколува светот, а Новак уште еднаш покажа колку е одличен човек и не е потребно да се зборува за тенисот.

Ова ќе биде врежано во сеќавањето на момчето до крајот на животот, и сигурно е дека тоа ќе значи подарок од неговиот миленик.

Самиот Новак по натпреварот истакна дека не го познава момчето, но дека на тој начин сака да му се заблагодари за поддршката.

– Не знам кое е момчето, но цело време го слушав. Навиваше за мене кога имав негатива од 2-0. Дури ми даваше и совети за време на натпреварот, како тренер, ха-ха (се смее). Тој беше најдобриот избор, сакав да му дадам рекет затоа што ме поддржуваше во текот на целиот меч – изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ не можеше да ги сокрие емоциите: Ова е остварување на сонот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот