Купер Флег/Dallas Mavericks

ВИДЕО | Магичен настап на тинејџерpт од Далас – урна рекорд кој го делеше Леброн

Крилниот кошаркар на Далас маверикс, Купер Флег, испиша историја во НБА лигата откако стана најмладиот кошаркар што постигнал 50 или повеќе поени на еден натпревар.

Флег блесна во поразот на неговата екипа од Орландо, постигнувајќи 51 поен, со што го урна рекордот што претходно го делеа Брендон Џенингс и Леброн Џејмс.

Еден од најголемите млади таленти во лигата до историскиот подвиг стигна во самиот финиш на натпреварот. На две минути и пет секунди пред крајот, тој погоди шут со кој ја надмина границата од 50 поени.

Со само 19 години и 103 дена, Флег го надмина досегашниот рекорд на Џенингс (20 години и 52 дена) и Џејмс (20 години и 80 дена).

Сепак, неговата фантастична партија не беше доволна за победа, бидејќи Орландо славеше со 138:127. Флег мечот го заврши со 51 поен, шест скока и три асистенции.

Иако неговата индивидуална статистика е импресивна, Далас има тешка сезона и на пет натпревари до крајот на регуларниот дел, Маверикси имаат скор од 24 победи и 53 порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот