ВИДЕО: „Лоши“ вести за Баерн, Кејн сам го победи Шахтјор Доњецк

фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Хари Кејн докажа уште еднаш зошто е еден од најдобрите светски напаѓачи, со четири голови во новиот натпревар за Тотенхем.

Како што е познато, англискиот репрезентативец наводно сака да се пресели во Баерн Минхен, но и натаму ужива со одлични партии во својот клуб.

Кејн доби аплаузи од навивачите на Тотенхе, а потоа блескаше во пријателскиот натпревар против украинскиот Шахјор Доњецк и победата од 5:1.

Кејн во овој триумф вкупни четирипати се запиша во листата на стрелците.

По одбивањето на неколку понуди, и Баерн полека го губи трпението, па германските медиуми пренесуваат дека клучен ден е 11 август – доколку дотогаш не се постигне договор меѓу клубовите, Баерн повеќе нема да преговара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот