ВИДЕО: Лоша реакција на Димитриевски, Рајо Ваљекано само до бод против Хетафе
Рајо Ваљекано пропушти убава можност да запише уште еден голем и важен триумф во трката за едно од местата кои водат во групите на ЛШ следната сезона. Денеска во 21 коло од најсилното шпанско првенство составот на Рајо Ваљекано ремизираше на гостувањето кај Хетафе (1:1).
Препорачано
Гостите поведоа по автоголот на Арамбари во 38 минута, потоа во 51 минута домаќините не реализираа пенал преку Мајорал.
Три минути подоцна Хетафе остана без еден играч на теренот откако поради два жолти картони Алена мораше предвреме да замине во соблекувалните.
Recordé varios pepinos que receté: recreos, picas y hasta uno en la Liga Automotriz
Enes Ünal, hoy. #GetafeCF a #RayoVallecano (1-1) pic.twitter.com/L4wBPKik1O— Enrique Macias (@emaciasm) February 12, 2023
И покрај тоа што домаќинот беше со еден фудбалер помалку, успеа да дојде до бод благодарение на невнимателната реакција на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, а тоа го казни турскиот интернационалец Унал. Тимот на Ираола можеше да дојде до бодовите, но во 87 минута непрецизен од белата точка беше де Томас.
На табелата Рајо Ваљекано е на шестата позиција со 33 бодови, додека Хетафе е на претпоследното 19 место со 19 бодови.


