ВИДЕО: Локатели ги враќа насмевките на „Старата дама“

Јувентус има намера да ги задржи најдобрите, има интерес за Влаховиќ/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Во градското дерби на Торино, во седмото коло од Серија А Јувентус славеше со минимален резултат (0:1), а стрелец на единствениот гол беше Мануел Локатели.

Локатели беше и еден од стрелците во победата на Јувентус и во минатото коло дома против Сампдорија (3:2).

Победничкиот гол за „Старата дама“ го постигна Мануел Локатели во 86 минута за вкупно трет триумф по ред во најсилниот италијански шампионат.

Јуве е моментно осмопласиран во генералниот пласман со 11 бодови, додека „биковите“ се на 11 позиција со осум бодови.

Во следното коло играчите предводени од тренерот Масимилијано Алегри ќе бидат домаќини на Рома, а Торино ќе му гостува на Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Џенова загуби кај Салернитана со 1:0 (Ѓуриќ 66`), нашиот Горан Пандев за клубот од „Луиџи Ферарис“ настапи од 73 минута како замена за Абдулај Туре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот