ВИДЕО: Лејкерси славеа во Бруклин, Мичел како легендарниот Карл Мелоун!

Донован Мичел би можел од следната сезона да игра за екипа од Источната конференција/фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Доцна синоќа во НБА лигата „езерџиите“ успеаја да забележат нова победа сезонава откако со 126:101 беа подобри од Нетси.

Во екипата на Лос Анџелес Лејкерс дури осум играчи имаа двоцифрен број на поени, најефикасен беше Драмонд со 20 поени (11 скокови).

На спротивната страна за Бруклин, Дурент реализираше 22 поени (седум скокови, пет асистенции) во својот втор меч после пауза од 23 натпревари поради повреда.

На табелата Лејкерси се на петтата позиција (33-20), додека Нетси се второпласирани на Истокот (36-17), зад Филаделфија.

Јута продолжи со добрите резултати, моментно најдобриот тим на Западот славеше и над Сакраменто со 128:112. За „џезерите“ повторно доминираше Мичел со 42 поени и тој е првиот кошаркар, после Карл Мелоун во 1993 година, кој во три натпревари имал повеќе од 35 поени. Севкупно четвртиот играч со вакво достигнување после Мелоун, Едриен Дентли и Пит Маравич.

НБА лига, резултати –

Кливленд Кавалирс – Торонто Репторс 115:135
Бруклин Нетс – Лос Анџелес Лејкерс 101:126
Оклахома Сити Тандер – Филаделфија Сиксерс 93:117
Јута Џез – Сакраменто Кингс 128:112
Голден Стејт Вориорс – Хјустон Рокетс 125:109
Феникс Санс – Вашингтон Визардс 134:106
Портланд Трејл Блејзерс – Детроит Пистонс 118:103

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот