Фото: EPA/CAROLINE BREHMAN

ВИДЕО | Леброн Џејмс ги предводеше Лејкерси до победа во Филаделфија, трипл-дабл на Дончиќ

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс продолжија со добрите настапи, победувајќи ги Филаделфија севентисиксерс со 112:108 во НБА лигата.

Лејкерси се опоравија од убедливиот пораз во Бостон, а натпреварот го одбележа Леброн Џејмс, кој покажа дека сè уште не е подготвен за пензија. 40-годишниот Џејмс врза 10 поени во последната четвртина давајќи му на својот тим важна победа на гостински терен кон подобро место во плејофот.

Лука Дончиќ, кој ги пропушти претходните два натпревари поради раѓањето на своето дете, исто така одигра голема улога. Словенецот запиша трипл-дабл учинок од 31 поен, 15 скока и 11 асистенции, а Џејмс го заврши натпреварот со 29 поени, додека Руи Хачимура постигна 17 поени.

Тајрис Макси се истакна за тимот на Филаделфија со 28 поени. Џоел Ембиид постигна 16 поени, а Валдез Еџкомб Џуниор постигна еден помалку.

НБА лига, резултати:

Шарлот – Денвер 106:115
Мемфис – Портланд 119:96
Чикаго – Голден Стејт 91:123
Филаделфија – ЛА Лејкерс 108:112
Јута – Оклахома 101:131

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот