ВИДЕО | Лазаров: Не сум задоволен од екипата, имавме пет нереалирани пенали во сериозен меч против Војводина
Ракометниот клуб Алкалоид на стартот на Европската лига на ЕХФ на домашен терен не успеа да го совлада актуелниот освојувач на ЕХФ Купот и српски првак РК Војводина (26:31).
Препорачано
Целосниот извештај од натпреварот одигран во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје можете да го погледнете ТУКА
Резултатот можеше да биде уште потесен доколку македонскиот вицешампион ги реализираше сите седмерци.
Реализацијата не беше најдобра на што даде и забелешка тренерот на екипата Кирил Лазаров на прес-конференцијата по завршувањето на мечот:
– Војводина заслужено дојде до победата. Тие беа подобри од нас, тие се 10 пати по ред шампиони на Србија. Тоа значи многу, и секоја година играат сè подобро. Не сум задоволен од мојата екипа, бидејќи кога ќе промашиш пет пенали во еден сериозен натпревар, не знам што да кажам. Не се само пеналите, промашивме 21 шут. Тоа е невозможна мисија да се победи ривал како Војводина. Ќе анализираме следните денови и се надевам дека во следните натпревари ќе бидеме подобри – рече Лазаров.


