ФОТОГАЛЕРИЈА: Ракометарите на Алкалоид не разочараа во европското деби против Војводина

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Денеска во првиот натпревар од групата „Ф“ во новата сезона од Европската ракометна лига во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје македонскиот вицешампион Алкалоид во своето деби на меѓународната сцена загуби со 26:31 (13:15).

Војводина по четири минути игра поведе со 1:3 по голот на десното крило Воркапиќ, по првите две одбрани на Трајкоски следуваше намалување преку Н. Маркоски од контра, по што му се придружи и Бинго на сличен начин за 3:3 и радост кај домашните навивачи. Српскиот првак воглавно напаѓаше преку пивотот во првите 10 минути, изнуден пенал кој го реализираше Воркапиќ со неговиот трет гол.

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Пушица беше исклучен на две минути кај гостите, но Велковски имаше погрешно додавање во нападот на Алкалоид, тоа го казни Војводина за 3:5, а проблемите се зголемија со исклучувањето на Стојковиќ во редовите на нашиот вицешампион. Воркапиќ беше најрасположен кај српскиот претставник кој веќе имаше „плус три“ на семафорот (3:6).

Новиот гол на Алкалоид беше постигнат во 14 минута од седмерец кој го реализираше Серафимов. Повторно Алкалоид имаше проблеми во ситуација со ракометар повеќе да не реализира и да ги зголеми почетничките грешки што го принуди Лазаров да побара тајмаут при 5:9.

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Војводина во следниот период одржуваше четири-пет голови разлика, во 23 минута беше 8:13. За првпат во листата на стрелците се запиша и Савревски како десно крило, а најрасположен за голови беше Џонов кој стигна до четвртиот гол во 25 минута за 10:14, но Азиз од бековската позиција врати за „плус пет“ за Војводина. До крајот на првото полувреме Алкалоид направи серија од 3:0 и достојни 13:15 на паузата.

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Продолжи малата негатива од „минус два“ и во второто полувреме, по вториот гол на Митев беше 16:18, а потоа и Бинго за 17:19. Алкалоид дојде и до само „минус еден“ по првиот гол на Велковски 18:19, но следуваше серија од 4:1 на противникот за нова минута совети од Лазаров (19:23) во 43 мин. Продолжи деконцентрацијата во редовите на Алкалоид со нови грешки, тоа го искористи Војводина за нови три гола и највисоки 19:26 на семафорот.

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Алкалоид ја даде и последната сила да се доближи до 24:27, но ривалот од Србија постепено држеше предност благодарение и на одбраните на Трнавац кој стигна до 14 одбрани. По неуспешен напад на Војводина, Бинго намали на 25:27 на четири минути до крајот на средбата. Миленковиќ како десно крило врати за 25:28, а Серафимов кога беше најпотребно не реализираше седмерец (трет на мечот), по што стигна казната од Милиќ за 25:29. Нова грешка следуваше во нападот на Алкалоид, по што веќе сите дилеми беа решени околу победникот. Пухоски со шестиот гол реализираше за 25:30 на една ипол минута до крајот на мечот.

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во второто коло од групата играчите на тренерот Кирил Лазаров ќе гостуваат во Шпанија кај Ла Риоха чиј состав на стартот загуби убедливо во Данска од Бјерингбро Силкеборг со 34:25.

Европска лига

1 коло

Алкалоид – Војводина 26:31 (13:15)

РК Алкалоид: Карерас Ромеро (1 одб.), Трајкоски (8 одб.), Џонов 8, Н. Маркоски 1, Младеновиќ, Серафимов 4, Стојчевиќ, Стојковиќ, М. Митев 5, Ѓоргиев 1, Велковски 1, Омерагиќ, Бинго 5, Кофилоски, Петковски, Савревски 1.

фото: Слободен печат/Драган Митрески
фото: Слободен печат/Драган Митрески
фото: Слободен печат/Драган Митрески
фото: Слободен печат/Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот