Фото: Принтскрин / Јутјуб

ВИДЕО | Културен феномен – најстарото видео на Јутјуб се најде во музеј

Нова изложба во музејот „Викторија и Алберт“ во Лондон го одбележува почетокот на Јутјуб, пред повеќе од 20 години, а еден од главните експонати го прикажува првото видео воопшто објавено на платформата.

Музејот потврди дека добил реконструкција на раната веб-страница и првото видео објавено од ко-основачот Џавед Карим, објави Си-ен-ен.

Реконструкцијата на раната страница на Јутјуб го прикажува првото видео, насловено како „Јас во зоолошката градина“.

На него се гледа Карим, тогаш 25-годишен, како стои пред слонови во зоолошката градина во Сан Диего. Видеото од 19 секунди, објавено на 23 април 2005 година, е прегледан 382 милиони пати и има собрано повеќе од 18 милиони лајкови.

– Најкул работа кај нив е што имаат навистина, навистина, навистина долги сурли – рекол Карим во краткото видео.

– Нашиот тим за дигитална конзервација ги помина последните 18 месеци враќајќи го дизајнот и искуството на платформата во она што било на 8 декември 2006 година, најстариот забележан датум на интернет – објаснил портпаролот на музејот.

Музејскиот тим соработуваше со тимот за корисничко искуство на Јутјуб и интерактивното дизајнерско студио „Оио“ со седиште во Лондон на проектот.

Првото видео од Јутјуб е изложено во галеријата „Дизајн 1900 – денес“ во музејот „Викторија и Албер“ во Јужен Кенсингтон, додека процесот на креирање на реконструкцијата е детално опишан на помала изложба во Ист сторхаус на музејот во Стратфорд.

Нил Мохан, извршен директор на YЈутјуб, рече: „Со реконструкција на раната страница за гледање, ние не прикажуваме само видео, туку ја покануваме јавноста назад во времето на почетоците на еден глобален културен феномен“.

Корина Гарднер, виш куратор за дизајн и дигитални медиуми во музејот додаде: „Овој увид во Јутјуб за време на раните денови означува важен момент во историјата на интернетот и дигиталниот дизајн“.

Јутјуб останува важна платформа за уметност и култура денес, при што оригиналната содржина од музеи и галерии честопати ја надминува популарноста на содржината на услугите за стриминг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот