Фото: EPA/Lukasz Gagulski

ВИДЕО | Кристал палас со една нога е во финалето на Конференциската лига

Денеска во првиот натпревар од полуфиналето во Конференциската лига одигран во полскиот град Краков, фудбалерите на Кристал палас со 3:1 како гости славеа со 3:1 против украинскиот Шахтјор.

Веќе во првата минута англискиот претставник поведе со голот на Сар, а на стартот од вториот дел во 47 минута за израмнување се погрижи Очеретко.

Во 58 минута Камада ја врати предноста на Кристал палас, а конечниот епилог го постави Ларсен во 84 минута.

Триумф забележа шпанскиот Рајо Ваљекано кој пред своите навивачи со 1:0 го совлада францускиот Стразбур со голот на Алемао во 54 минута по асистенцијата на Палазон.

Реванш средбите од полуфиналето во КЛ ќе се играат на 7 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот