ВИДЕО: Крис Пол за историја во НБА во триумфот на Феникс над Бруклин

Крис Пол се запиша во книгата на рекорди во НБА лигата/ фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Феникс санс ја оствари 16 победа по ред во НБА лигата откако со 113:107 го победи најдобриот тим во Источната конференција, Бруклин нетс, во натпревар кој го одбележа неверојатното достигнување на Крис Пол.

Одличниот плејмејкер натпреварот го заврши со 22 поени, осум скокови и пет асистенции и стана првиот кошаркар во историјата на НБА лигата со повеќе од 20.000 поени, 10.000 асистенции и 5.000 скокови.
Покрај Пол, добра партија прикажа и Девин Букер кој постигна 30 поени, додека во редовите на Бруклин, најрасположен за игра беше Кевин Дурент со 39 поени.


Минесота тимбервулфс по две продолженија ја совлада Филаделфија сиксерс со 121:120. Натпреварот го реши Принс со поените постигнати на 4.8 секунди до крајот на второто продолжение, по украдената топка на Дианџело Расел. Токму Расел беше најдобар кај Минесота со 35 поени и осум асистенции, додека Карл-Ентони Таунс постигна 28 поени. Кај Филаделфија се истакна Џоел Ембид кој ги пропушти претходните девет натпревари, постигнувајќи 42 поени и имаше 14 скокови.



Вашингтон визардс ја забележа втората победа по ред откако со 120:114 го совлада Далас маверикс на кого не му помогна ниту одличната игра на Лука Дончиќ.

Во финишот од натпреварот, Вашингтон со поените на Кузма и Гафорд поведе со 114:109, додека Далас дојде до израмнување благодарение на Хардавеј и Дончиќ. Потоа на сцена стапи Кентавиус Колдвел Поуп кој постигна четири поени по ред за водство на Вашингтон од 118:114 со што беа решени дилемите околу победникот.

Бредли Бил беше најдобар кај победничкиот тим со 26 поени, Кајл Кузма даде 22, додека кај Далас се истакна Дончиќ со 33 поени и 10 асистенции.


Резултати:
Филаделфија – Минесота 120:121 (прод)
Атланта – Њујорк 90:99
Бруклин – Феникс 107:113
Чикаго – Мајами 104:107
Кливленд – Орландо 105:92
Хјустон – Шарлот 146:143
Далас – Вашингтон 114:120
Јута – Њу Орлеанс 127:105

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот