Фото: Фејсбук / скриншот

ВИДЕО: Крадец мирно „се послужи“ со точак оставен пред маркет во Капиштец

Скопјанец кој останал без велосипедот откако го оставил незаклучен пред маркет во населбата Капиштец, објави снимка од безбедносна камера, на која се гледа како крадецот доаѓа пеш, мирно го зема точакот и се качува на него, одвезувајќи се во непознат правец.

„На видеово е фатен моментот кога ова лице ми го краде точакот пред маркетот Стокомак во Скопски капиштец. Ако некој има информација за идентитетот на лицето, замолувам да ми пише или да го пријави во најблиска полициска станица. Благодарам однапред!“, пишува на социјалните мрежи Јован Грповски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот