ВИДЕО: Косово плива во вода, Курти вели дека сѐ е под контрола
Националниот институт за јавно здравје на Косово реагираше во врска со состојбата со водата за пиење во земјата, по поплавите предизвикани од обилните врнежи од дожд. Од Институтот информираат дека, покрај постојаниот контакт со водоснабдителните компании во сите региони, редовно се земаат примероци од вода кои се анализираат во лабораторија.
Постојаните врнежи од дожд од полноќ предизвикаа големи штети во неколку општини во Косово, меѓу кои Малишево и Дренас. Во овие општини, како и во Ораховац, регистрирани се прекини во снабдувањето со електрична енергија поради поплавите, додека надлежните соопштија дека евакуирале жители од загрозените подрачја, објави „Балкан веб“.
Препорачано
ВИДЕО | Разорни бранови уништуваат сè на Ада Бојана: Морето го голта брегот и носи куќи
Вршителот на должност премиер на Косово, Албин Курти, денеска објави дека ситуацијата предизвикана од поплавите во Косово моментално е под контрола и дека надлежните служби се континуирано ангажирани на терен.
„Вчера, во текот на целиот ден, вечер и ноќеска, екипи од агенциите на Министерството за внатрешни работи и Министерството за животна средина, просторно планирање и инфраструктура, беа на терен за да ја следат состојбата влошена од поплавите и да преземат потребни интервенции,“ објави Курти на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Националниот институт за јавно здравје на Косово реагираше во врска со состојбата со водата за пиење во земјата, по поплавите предизвикани од обилните врнежи од дожд. Од Институтот информираат дека, покрај постојаниот контакт со водоснабдителните компании во сите региони, редовно се земаат примероци од вода кои се анализираат во лабораторија, објави „Газета експерес“.
Воедно, соопштено е и кои постројки во одредени региони се надвор од функција. Така, фабриките за вода во Шкабај и Биволак не работат поради зголемена матност, додека водоводните системи во Грачаница и Батлава функционираат нормално.
Слични проблеми се регистрирани и во регионот на Призрен, каде што водата од изворот „40 бунари“ не е безбедна за пиење и може да се користи само за миење и хигиена, додека во Цвилен и Соќ водата е употреблива. Водата не е за пиење во Сува Река и Малишево, но во Драгаш засега нема проблеми.


