ВИДЕО | Разорни бранови уништуваат сè на Ада Бојана: Морето го голта брегот и носи куќи
Ада Бојана, еден од најубавите делови на црногорскиот брег, се соочува со разорната моќ на морето. Силните бранови и бури во последните денови предизвикаа огромни штети, уривајќи и носејќи ги познатите дрвени куќи, додека мештаните и љубителите на овој уникатен остров беспомошно гледаат како крајбрежјето исчезнува, објави rtcg
Препорачано
Драматично видео на кое се гледа како морето го голта брегот и носи предмети, се прошири на социјалните мрежи. Видеото предизвика лавина од реакции, а еден корисник на платформата X го сумираше чувството на многумина:
„Каква катастрофа на Ада Бојана. Морето ги носи куќите. Државата не презема ништо за трајно да го заштити овој бисер на црногорскиот брег“.
Овој настан повторно го стави во центарот на вниманието долгогодишниот проблем со ерозијата и несоодветната заштита на Ада Бојана. Иако експертите со години предупредуваат за итна потреба од системски и трајни решенија, сè уште недостасуваат конкретни потези од надлежните институции, што ја остава судбината на овој природен бисер неизвесна.
Ада Бојана е речен остров, на самиот крај од Големата плажа во Улцињ, на местото каде што реката Бојана се одвојува од неа. Бреговите на Бојана се познати по своите дрвени куќи, од кои мештаните ловат риба на традиционален, специфичен начин, што можете да ја пробате во локалните рибни ресторани.
Kakva katastrofa na Adi Bojani.
More odnosi kućice
Država ništa ne radi da trajnije zaštiti taj biser crnogoske obale. 👇 pic.twitter.com/5cGNlyXBbP— Ðetić (@KonteZanovic) January 4, 2026


