фото: принтскрин/видео

ВИДЕО | Коњи спасија комбе со патници во завеаниот Златибор

Обилниот снег што од полноќ паѓа на Златибор предизвика сериозни проблеми во сообраќајот, а метежо дополнително е интензивиран затоа што денеска е крајот на празникот по повод националниот празник Сретење, па многу туристи се враќаат од планината во своите домови.

Необична глетка беше забележана и на завеаната планина кога комбе се заглави во снегот, па на помош дојде кола со два коња дојде и го извлече возилото од снегот, објавија српските медиуми.

Во текот на ноќта паднаа околу 20 сантиметри снег на територијата на Чајетина, Ужице, Бајина Башта. Сите расположиви екипи моментално се на терен и работат на расчистување на патиштата според приоритетите.

„На Златибор врне снег од полноќ. Моментно на терен има 18 камиони и четири грејдери. Сообраќајот за влечни возила е забранет. Ги одржуваме патиштата со прв приоритет проодни“, изјавија за РИНА од „Патишта Ужице“.

Републичкиот хидрометеоролошки завод објави ново предупредување за снег и формирање снежна покривка.

„До крајот на денот, снег со формирање на снежна покривка се очекува и во пониските подрачја, главно јужно од Сава и Дунав. Висината на снегот ќе биде од 8 до 20 см, на планините и повисоките, додека помала покривка се очекува во Белград, делови од Срем и јужен Банат“, се наведува во предупредувањето на РХМЗ.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот