ВИДЕО: Кометал шампионе, 20 години од освојувањето на европската титула

фото: EPA PHOTO EPA/GEORGI LICOVSKI/EPA PHOTO EPA/ROBERT ATANASOVSKI

Пред точно 20 години една наша ракометна екипа успеа да го освои трофејот најсилното европско клупско натпреварување!

Во натпреварувачката сезона 2001/2002 во рамките од женската ракометна Лига на шампионите, составот на Кометал Ѓорче Петров успеа да ја освои титулата.

Откако на првиот натпревар во Унгарија загуби со 27:25, на реваншот (19 мај 2002 година) во полната сала СРЦ „Кале“ – Скопје, македонскиот шампион ја анулираше негативата и триуфираше со 26:22 против Херц од Унгарија.

Тоа беше прв трофеј на една наша ракометна екипа во најсилното европско клупско натпреварување, на возвратната пресметка предводени од Индира Кастратовиќ која реализираше 10 голови!

Составот на Кометал ЃП во сезоната 2001/2002 изгледаше вака: Кастратовиќ, Малахова, Бујанова, Будимир, Кисељова, Платон, Велкова, Андрушченко, Чупиќ, Дину, Калиниченко, Нацева Бошева, Плошчинска, Златановска. Тренер на екипата беше Русинот Александр Панов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот