ВИДЕО: Класата е вечна, Вавринка го елиминираше Медведев на турнирот во Мец

Швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка/фото: EPA-EFE/Anders Bjuro

Станислас Вавринка, моментално 284 играч во светот, направи огромно изненадување во мечот од второто коло на АТП турнирот во Мец (Франција), откако со резултат 2-1 беше подобар од Данил Медведев.

Швајцарецот кој има 37 години славеше во сетови 6:4, 6:7 (7), 6:3 по два часа и 24 минути. Следен ривал на трикратниот грен слем шампион ќе биде Швеѓанецот Микаел Имер, кој беше подобар од Грегоар Барер со 6:4, 6:3.

Претходно, Хуберт Хуркач славеше над поранешниот победник на „УС Опен“, Доминик Тим. Полјакот победи со 6:3, 6:4 и во следното коло ќе игра против домашниот претставник Артур Риндеркнеш, кој го совлада Николоз Басилашвили со 7:6 (11), 6:3.

Александар Бублик го победи Емил Русувури со 6:7 (4), 6:4, 6:3, а Лоренцо Сонего беше подобар од Жил Симон со 7:6 (2) и 6:4.

Турнирот во Мец е дел од серијата АТП 250, се одржува од 2003 година, се игра на тврда подлога во затворено, а актуелен шампион е Хуркач, кој во финалето во 2021 година го победи Пабло Карења Буста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот