Петра Еклстон - Фото: Притнскрин/ Инстаграм

ВИДЕО | Петра Еклстон се огласи од Дубаи: „Најстрашната ноќ во мојот живот“

Поранешната учесничка во телевизиски реални емисии Кејт Фердинанд и претприемачката Луиза Зисман открија дека со своите деца ноќта ја минале во подрумите на своите домови во Дубаи, по ракетните напади што го погодија градот во саботата навечер. Тие се меѓу бројните познати личности и влијателни јавни фигури кои живеат во Дубаи и ги споделија своите искуства по нападите во регионот.

Кејт Фердинанд, која со сопругот, поранешниот фудбалер Рио Фердинанд, се пресели во Обединетите Арапски Емирати во август минатата година, преку социјалните мрежи порача дека нејзиното семејство е безбедно по, како што напиша, „многу страшната ноќ“.

Фото: Инстаграм

„Ви благодарам за сите пораки. Жал ми е што не се огласував, не сакав да ве загрижам, едноставно немав зборови. Безбедни сме. Надлежните служби прават сè за така и да остане“, напиша таа, додавајќи дека се надева на помирна ноќ.

Претходно во својот поткаст „Блендед“ зборуваше дека иако Дубаи е одлично место за живот, ѝ недостига домот во Велика Британија.

Своето искуство го сподели и Луиза Зисман, која со децата се засолнила во подрумот откако слушнала силни експлозии. Таа раскажа дека прво излегле во парк, но веднаш по излегувањето слушнале детонации од кои се затресла куќата, па се вратиле внатре.

Фото: Инстаграм

Целото искуство го опиша како „надреално и застрашувачко“, додавајќи дека се надева оти противвоздушната одбрана на Обединетите Арапски Емирати ќе ги заштити жителите.

Меѓу оние што се огласија е и Петра Еклстон, наследничка и ќерка на најбогатата Хрватка, Славица Еклстон.

„Ова беше една од најстрашните ноќи во мојот живот. Дојдовме во Дубаи за да се чувствуваме безбедно, а сега се случи ова. Шокантен пресврт, но фала му на Бога – безбедни сме“, напиша таа.

Додаде дека ѝ било особено тешко да им објасни на децата што се случува, додека во текот на ноќта се слушале силни удари. Нејзиниот сопруг Сем Палмер исто така изјави дека добиле предупредување на мобилните телефони со порака да се засолнат поради доаѓање на проектили.

Според информациите, Иран лансирал стотици проектили и беспилотни летала кон цели на Блискиот Исток, по што дел од нападите го зафатиле и Дубаи. Во градот одекнувале експлозии, што предизвикало паника меѓу жителите и туристите.

Поради безбедносни причини, двата аеродрома во Дубаи се затворени, а воздушниот сообраќај е привремено прекинат. Надлежните власти апелираа до жителите и посетителите да не патуваат додека трае вонредната состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот