Сами Шин Image Press Agency/ABACA / Abaca Press / Profimedia

ВИДЕО | Ќерката на Чарли Шин се пожали дека татко ѝ со години ѝ дал ниту цент

Сами Шин, постарата ќерка на проблематичниот холивудски актер Чарли Шин, остро ги демантираше гласините дека нејзиниот славен татко и го финансира луксузниот начин на живот. Откако неодамна се пофали со купување на нова и луксузна куќа на плажа, таа се соочи со лавина негативни коментари дека недвижноста е подарок од актерот, пренесува „Пејџ сикс“.

Младата девојка веднаш реагираше со видео на социјалните мрежи во кое отворено порача дека куќата ја заработила сама благодарение на нејзиниот профил на платформата за возрасни ОнлиФанс, додавајќи дека татко ѝ нема никаква врска со нејзиниот успех.

Во своето емотивно обраќање, 22-годишната Сами истакна дека ваквите коментари исклучително ја фрустрираат бидејќи Чарли Шин ѝ нема дадено ниту еден цент повеќе од четири години, односно дека самата целосно се финансира откако наполнила 18 години.

@samisheen Replying to @user3404962211197 ♬ original sound – sami sheen

Нивниот однос е толку нарушен што последен пат разговарале пред неколку недели, кога таа го прашала дали може да ѝ купи коњ, со оглед на тоа што неодамна во кеш ѝ платил луксузен автомобил на нејзината помала сестра Лола, но актерот одбил. Нарушените односи во семејството не се новост, па младата инфлуенсерка претходно изјави дека би правела буквално сè друго во животот отколку да отиде на ручек со сопствениот татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ✩ sami sheen ✩ (@samisheen)

Инаку, Чарли Шин и неговата поранешна сопруга Дениз Ричардс ги добија ќерките Сами и Лола во бракот кој траеше од 2002 до 2006 година. Познатиот актер уште од самиот почеток јавно ја критикуваше одлуката на неговата најстара ќерка да се појави на оваа платформа, изјавувајќи дека не ја поддржува нејзината кариера и дека ја молел да го задржи својот интегритет и да биде креативна на поинаков начин.

Сепак, неговата поранешна сопруга Дениз застана во одбрана на својата ќерка, а одлуката на Сами се покажа како повеќе од профитабилна. Спроти критиките, таа до почетокот на минатата година веќе имаше заработено над три милиони долари од своите претплатници, со што докажа дека финансиски е целосно независна од своето славно холивудско семејство.

ФОТО | Ќерката на Чарли Шин заработува милиони на Онлифанс

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот