ВИДЕО: Керли е светски шампион на 100 метри, доминација на Американците
Американецот Фред Керли е нов шампион во највозбудливата спринтерска дисциплина. Инаку Американците ја потврдија доминацијата на Светското првенство во атлетика во Јуџин (САД) откако го освоија и второто и третото место.
Препорачано
Со сребрен медал се закити Марвин Брејси, а бронза има Трејвон Бромел, а разликата помеѓу првите тројца беше многу мала.
Керли стигна на целта со време 9,86 секунди, додека Брејси и Бромел беа побавни за две стотинки.
За Керли ова е прво злато на светските шампионати во оваа дисциплина. Тој во Доха освои бронзен медал на 400 метри и злато во штафетата 4×100 метри.
Беше еден од фаворитите за највисок пласман, а тоа се најавуваше и на Летните олимписки игри во Токио минатата година кога беше второпласиран на 100 метри.
What a race ?@fkerley99 ?? strikes world 100m gold in 9.86 and leads a US 1-2-3 on home soil ?#WorldAthleticsChamps @usatf pic.twitter.com/tvSf11pbEK
— World Athletics (@WorldAthletics) July 17, 2022


