Фото: Профимедиа - Принтскрин Инстаграм

ВИДЕО | Кејт Мидлтон го удри принцот Вилијам по задникот

Во Лондон синоќа се одржа гламурозната церемонија на доделување на наградите на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА), на која, покрај многуте холивудски и британски актерски ѕвезди, присуствуваше и принцот Вилијам, кој е претседател на Британската филмска академија, и неговата сопруга, принцезата Кејт Мидлтон.

Сите присутни се согласија дека Кејт целосно ја одбележа ноќта и докажа дека и претходно видена креација може да биде полн погодок, а секогаш елегантниот Вилијам и помогна да ја украдат славата на актерската елита. Кејт, која не се воздржува од модното рециклирање и секогаш се залага за одржливост, носеше веќе виден бел фустан од Александар Меквин и го комбинираше со обетки од „Зара“ од 20 евра и гламурозни црни оперски ракавици. Совршенство на елеганција и минимализам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Војводата и војвотката од Кембриџ не ги симнуваа насмевките од лицето додека одеа по црвениот тепих и разговараа со публиката. Во еден момент од нивната прошетка дојде до комична ситуација.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам
Фото: I-Images / Zuma Press / Profimedia

Всушност, Вилијам и Кејт разговарале за нешто додека оделе кон централната сала, а Кејт ја потпрела раката на задникот на Вилијам, така што изгледало како да го удрила. Овој потег корисниците на социјалните мрежи ги инспирираше да бидат креативни во коментарите, а некои се обидуваа да ја одбранат принцезата.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам
Фото: Rogers George / Sipa Press / Profimedia

Принцот Вилијам и принцезата Кејт, кои се вратија на црвениот тепих на БАФТА за првпат од пред пандемијата, ги воодушеви обожавателите на кралското семејство.

БАФТА 2023: „All Quiet on the Western Front“ со апсолутна победа на британските филмски награди

ФОТО | Кејт Милдтон го донесе гламурот на БАФТА: Во „стар“ фустан и обетки на „Зара“

БАФТА 2023: „All Quiet on the Western Front“ со апсолутна победа на британските филмски награди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот