ФОТО | Кејт Милдтон го донесе гламурот на БАФТА: Во „стар“ фустан и обетки на „Зара“

Кејт Мидлтон
Кејт Мидлтон на годинашното издание на БАФТА / 19 февруари 2023 / Фото: Profimedia

Во Лондон синоќа се одржа гламурозната церемонија на доделување на наградите на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА), на која, покрај многуте холивудски и британски актерски ѕвезди, присуствуваше и принцот Вилијам, кој е претседател на Британската филмска академија, и неговата сопруга, принцезата Кејт Мидлтон.

Кејт Мидлтон пристигна на доделувањето на наградите БАФТА, а сите погледи, со добра причина, беа вперени во неа. Зачекорувајќи на црвениот тепих во лелеав бел фустан, придружувана од нејзиниот принц Вилијам, Кејт беше олицетворение на вистинска модерна принцеза.

Фото: I-Images / Zuma Press / Profimedia

Кејт, која не се воздржува од модното рециклирање и секогаш се залага за одржливост, носеше веќе виден бел фустан од Александар Меквин и го комбинираше со обетки од „Зара“ од 20 евра и гламурозни црни оперски ракавици. Совршенство на елеганција и минимализам.

Насмеаната и добро расположена Кејт Мидлтон го канализираше гламурот на стариот Холивуд облечена во оваа прекрасна асиметрична бела тоалета на Александар Меквин која првпат ја облече на доделувањето на наградите БАФТА во 2019 година. Многумина се согласија дека изгледала како вистинска холивудска ѕвезда.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам
Фото: Rogers George / Sipa Press / Profimedia

Гламурозното доаѓање на принцот Вилијам и принцезата Кејт, кои се вратија на црвениот тепих на БАФТА за првпат од пред пандемијата, ги воодушеви обожавателите на кралското семејство. Белиот фустан со едно рамо претрпел мали промени, а цветните детали на рамото беа заменети со широк, плисиран материјал кој беше оставен романтично да паѓа.

Во класичен стил на Кејт, фустанот беше закопчан на половината, прелевајќи се во лелеаво и елегантно здолниште со набори.

БАФТА 2023: „All Quiet on the Western Front“ со апсолутна победа на британските филмски награди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот