ВИДЕО: Катастрофален потег на Павков, Црвена звезда остана без Лигата на шампионите

Голманот на Црвена звезда Милан Борјан прими несреќен автогол во финишот против Макаби Хаифа/Белград, Србија/23 август 2022/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

На реванш натпреварот од плеј-офот на теренот во Белград ремизираа екипите на Црвена звезда и Макаби Хаифа со резултат 2:2.

Израелците благодарение на победата од 1:0 во првиот меч обезбедија пласман во групите на Лигата на шампионите, а српскиот првак ќе продолжи во групната фаза на Лига Европа.

Црвена звезда водеше од 27 минута со голот на Пешиќ, а истиот играч асистираше до Иваниќ во 42 минута за зголемување на позитивата (2:0).

Пред крајот на првото полувреме гостите успеаја да намалат преку Сундгрен, а непосредно пред тој погодок пенал за Макаби Хаифа не реализираше Хазиза.

Во самиот финиш трагичар кај домаќините беше Павков кој не реагираше најдобро и си постигна автогол за голема тага кај навивачите на стадионот „Рајко Митиќ“.

Пласман во групите на ЛШ обезбеди и португалската Бенфика која со две победи со вкупни 5:0 (3:0, 0:2) го елиминираше Динамо Киев, како и чешкиот Плзен кој со 2:1 триумфираше над Карабах. Во Азербејџан мечот заврши без голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот