ВИДЕО | Кантри пејачката Марен Морис го нападна Трамп: „Тој е дементен, фанатичен поранешен ТВ водител во пелени“
Кантри пејачката Марен Морис упати остра порака до гласачите на Доналд Трамп. Морис, која со години јавно ги критикува Трамп и неговата администрација, овој пат се огласи поради американско-израелските напади врз Иран што започнаа на 28 февруари.
Препорачано
Во видео објавено на Тикток на 6 март, таа им се обрати на своите околу 637 илјади следбеници и рече дека нема никакво сочувство за луѓето кои трипати гласале за Трамп, ниту за другите негови поддржувачи. Според неа, тие сами го избрале тоа што се случува и биле измамени од политичката пропаганда.
@marenmorrissorry to empty the clip♬ original sound – marenmorris
Осврнувајќи се на телевизијата „Фокс њуз“, Морис изјави дека таа функционира како пропагандна машина, слична на детската програма Кокомелон, но насочена кон постарата генерација. Таа додаде дека ваквите медиуми придонесуваат луѓето да избираат неспособни политичари.
Пејачката потоа го опиша Трамп како „дeментен и ограничен поранешен телевизиски водител во пелени“.
Набргу реагираше и Белата куќа. Портпаролот Дејвис Ингл за медиумот Унилад изјави дека Морис, како што рече, треба да побара психијатриска помош поради „тежок облик на синдром на заблуда поврзан со Трамп“, додавајќи навредлив коментар дека тоа ѝ го „оштетило мозокот“.
Нејзиното видео беше објавено само неколку дена откако таа повторно го критикуваше Трамп, тврдејќи дека тој „физички не е способен да препознае нешто добро“. Со тоа се осврна на неговите контроверзни изјави за американската женска хокеарска репрезентација, која заедно со машката селекција постигна значителен успех на Зимските олимписки игри.


