ВИДЕО: Каква среќа за „кралевите“, лоша реакција на голманот Боно!

Фото: EPA-EFE/Jose Manuel Vidal

Реал Мадрид после три натпревари во низа без победа во најквалитетната шпанска лига повторно слави три бода и тоа доста среќно на гостувањето во Севиља (0:1).

Домашниот голман Боно во 55 минута не реагираше најдобро и наместо рутинска интервенција во шеснаесетникот, топката се одби од неговите раце за радост на „кралевите“.

Играчите на тренерот Зинедин Зидан на табелата се моментно на третото место со 20 бодови, додека Севиља е петтопласирана (16).

Во наредното коло Реал на 12 декември има градско дерби против Атлетико Мадрид, а тимот на Лопетеги истиот ден му гостува на Хетафе.

Денеска во првиот меч од саботната програма Леванте без македонскиот репрезентативец Енис Барди кој и натаму е надвор од составот поради повреда, успеа по дури два месеци да им се врати на победите во шампионатот, откако на домашен терен (3:0) го совлада Хетафе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот