ВИДЕО | Како да подготвите совршено крцкава сланина: Трик кој ќе ве воодушеви и вас

Фото: Pexels/Polina Tankilevitch

Ништо полесно и поедноставно…

Доколку сте љубител на сланината, но не ја сакате количината на маст која се наоѓа на неа, тогаш овој трик од интернет особено ќе ве израдува.

На социјалните мрежи Фејсбук и Твитер еден гурман откри како успева да го елиминира вишокот вода и вишокот масти од сланината, после што таа станува совршено вкусна и крцкава.

Се што би требало да направите е парчињата сланина да ги нанижете на подолго дрвено стапче, а потоа да го ставите преку решетката, така што парчињата сланина ќе висат надолу.

Можете да употребите и дрвени стапчиња за ражничи, а под решетката задолжително ставете тавче, кое всушност ќе го собира вишокот маст од сланината. Доколку во тавчето ставите и алуминиумска фолија, тоа ќе ви помогне да не го миете тавчето – ќе биде доволно само да ја отстраните фолијата.

Најдобро е рерната да ја вклучите на 180 степени, а кога сланината ќе добие златно-румена боја, тоа е знак дека таа е готова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот