ВИДЕО | Јовановски: Со апликацијата „Мој воздух“ ја подигаме свеста за квалитетот на воздухот

Екоактивистот и софтверски инженер Горјан Јовановски, креаторот на апликацијата МојВоздух ја освои Европската награда за најдобар млад иноватор 2020 во категоријата за млади до 30 години.

Јовановски победи во конкуренција на иноватори до 30 години на World Summit Awards, што беа доделени во рамките на Европскиот фестивал на млади иноватори во Грац.

-Не очекував дека ќе дојде наградата. Бевме избрани во финалето со уште 15 други прекрасни идеи. Конкуренцијата беше навистина одлична и драго ми е дека победив во таква група. Ми го исполнува срцето тоа што може да се пофалиме со уште еден успешен проект од нашата држава, и да докажеме дека имаме можност и од кај нас да допреме до целиот свет, вели за Утрински брифинг Јовановски.

Верувам дека стручните лица знаеја за проблемот, но кога доволно граѓани ке бидат свесни за истото и ќе направат притисок врз секоја институција кое што е задолжена да се грижи за нашеето уставно право за чиста животна средина тогаш работите ќе почнат да се менуваат. Полека но сигурно почна да се менува свеста и кај граѓаните и кај институциите. Ова е мал чекор, можеме уште подобро, изјави Јовановски.

За многу луѓе беше несфатливо како како е можно да има загадување 10, 20 пати над дозволените европски вредности. Така што го разбирам скептицизмот кај граѓаните, иао не можев да го разберам истото кај институциите кои беа свесни за овие бројки. Но преку оваа апликација успеавме да ги приближиме податоците кај луѓето и да ја подигнеме нивната свест, изјави за Утрински брифинг, Горјан Јовановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот