ВИДЕО: Јокиќ повторно блескаше и беше на чекор од трипл-дабл, но сега шоуто на вечерта го имаше Џамал Мареј
Екипата на Денвер нагетс без поголеми проблеми стигна до убедлива победа на гостувањето кај Индијана пејсерс (135-120), во натпревар што целосно го обележа блескавата вечер на Џамал Мареј. Канаѓанецот приреди вистинско шоу со 52 поени и фантастични 10 тројки од 11 обиди, иако до последен момент беше неизвесно дали воопшто ќе може да настапи поради повреда. Одлична улога имаше и Никола Јокиќ, кој повторно беше на чекор до трипл-дабл со 24 поени, 13 асистенции и осум скока, иако и тој игра со физички проблеми.
Препорачано
Мареј стана трет кошаркар на Денвер што постигнал најмалку 50 поени оваа сезона, по Арон Гордон и Јокиќ, статистика што влезе во историјата како прв ваков случај во првите 21 дуел од една НБА сезона.
ЛА Клиперс, пак, конечно ја прекинаа серијата од пет порази со сигурен триумф над Атланта (115-92). Натпреварот го следеше и контроверзна атмосфера, само неколку часа пред почетокот клубот официјално се раздели со легендарниот Крис Пол, па домашните навивачи постојано ја провоцираа гостинската екипа со скандирања „Каде ви е Крис Пол?“.
Најголемото изненадување го приреди Портланд, кој славеше на гости кај Кливленд (122-110) и му го нанесе првиот сезонски пораз на тим со позитивен биланс, и тоа и покрај 35-те поени на Донован Мичел. Милвоки, исто така, стигна до победа над Детроит (113-109), иако Јанис Адетокумбо се повреди и го напушти теренот по само три минути игра, а Бакс во еден момент се најдоа и во негатива од 18 поени.
РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Портланд 110-122, Индијана – Денвер 120-135, Орландо – Сан Антонио 112-114, Атланта – ЛА Клиперс 92-115, Њујорк – Шарлот 119-104, Чикаго – Бруклин 103-113, Хјустон – Сакраменто 121-93, Милвоки – Детроит 113-109, Далас – Мајами 118-108.
Преземено од: Спорт.ком.мк


