Фото: EPA/JOHN G. MABANGLO

ВИДЕО | Јокиќ испишува историја – втора сезона по ред со трипл-дабл просек

Кошаркарите на Денвер нагетс синоќа со победа на гостински терен во Јута докажаа дека моментно се тимот со најдобра форма во НБА лигата. За прв пат од почетокот на годината и по втор пат во тековната сезона, тие победија на седум натпревари по ред.

Најефикасен во победничките редови беше Канаѓанецот Џамал Мари со 37 поени, запиша и пет скокови и асистенции. Никола Јокиќ придонесе со трипл-дабл учинок од 15 поени, 17 скокови, 12 асистенции. Српскиот центар официјално трипати дојде до трипл-дабл просек оваа сезона. Сега во неговата речиси неверојатна статистика е напишано дека тој бележи 27,7 поени, 13 скока и 10,8 асистенции по натпревар.

Денвер има само уште пет натпревари до почетокот на плејофот, па теоретски, дури и да не постигне ниту еден поен, скок или асистенција, Јокиќ не може да падне под импресивниот учинок изразен со три двоцифрени бројки.

Србинот со тоа му се придружи на Расел Вестбрук и стана само вториот играч во историјата на НБА кој завршил повеќе од една сезона (и тоа последователно) со трипл-дабл просек.

Вестбрук го направи тоа четири пати (2016/17, 2017/18, 2018/19, 2020/21), Јокиќ му се приближи синоќа со две трипл-дабл сезони (2024/25, 2025/26), а на една остана легендарниот Оскар Робертсон (1961/1962).

Денвер по 49. победа сезонава е на четвртото место во Западната конференција, додека Јута е на претпоследното 14. место (21-56).

НБА лига, резултати:

Орландо – Атланта 101:130
Вашингтон – Филаделфија 131:153
Мајами – Бостон 129:147
Чикаго – Индијана 126:145
Хјустон – Милвоки 119:113
Мемфис – Њујорк 119:130
Торонто – Сакраменто 115:123
Јута – Денвер 117:130
Голден Стејт – Сан Антонио 113:127

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот