ВИДЕО | Израел со нов бран напади: Војската тврди дека го уништила штабот на Револуционерната гарда во Техеран
Портпаролот на израелската војска изјави дека посочи дека во нападите биле вклучени повеќе од 100 борбени авиони на израелските воздухопловни сили, при што биле погодени десетици штабови на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, вклучително и неговите разузнавачки, воздухопловни и единици за внатрешна безбедност.
Израелските воздухопловни сили завршија бран напади насочени кон ирански штабови во Техеран, каде што биле собрани ирански војници, изјави портпаролот на израелската војска, бригаден генерал Ефи Дефрин, на прес-конференција.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Дефрин посочи дека во нападите биле вклучени повеќе од 100 борбени авиони на израелските воздухопловни сили, при што биле погодени десетици штабови на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, вклучително и неговите разузнавачки, воздухопловни и единици за внатрешна безбедност, пренесе „Тајмс оф Израел“.
– Ова се значајни и моќни удари. Овие штабови дејствуваа против Израел и против целиот свет. Денес тие беа уништени, заедно со сите што дејствуваа во нив – изјави Дефрин.
ИДФ објави и ново видео на кое се прикажани напади врз иранските системи за воздушна одбрана и лансери за балистички ракети во западен Иран.
سخنگوی ارتش اسرائیل: ما در حال حمله به مرکزیترین سامانههای رژیم هستیم؛
سامانه موشکهای بالستیک و توانمندیهای نظامی، سامانههای پدافند هوایی ایران و موشکهای زمینبههوا، و همچنین اهداف فرماندهی و کنترل رژیم ایران.
در هماهنگی و همکاری با ارتش ایالات متحده، با قدرت آغاز کردیم و… pic.twitter.com/sVeSyVJFse— ارتش دفاعی اسرائیل | IDF Farsi (@IDFFarsi) March 1, 2026
„САД и Израел ќе платат скапо“
Иранската армија објави дека денеска соборила 10 напредни дронови низ целата земја, со што вкупниот број на соборени дронови досега се искачи на 22. Повеќето од нив, според иранските официјални лица, биле дронови „Хермес“ за кои се тврди дека им припаѓале на израелските и американските сили.
Иранските власти јасно ставаат до знаење дека ова е момент на целосен отпор. Тие велат дека имаат намера да возвратат што е можно посилно и инсистираат дека сè уште не ги распоредиле своите најмоќни воени капацитети, вклучително и некои од нивните напредни ракетни системи.
Службениците предупредуваат дека и САД и Израел ќе платат и она што го опишуваат како „висока цена“ во наредните денови.
Тие исто така го опишуваат овој конфликт како различен од претходните конфронтации.
Иранските лидери го карактеризираат како егзистенцијална војна – војна во која, велат тие, нема да има повлекување, компромис и предавање сè додека Иран не ја покаже својата способност да се брани и да го зачува она што го нарекува свое достоинство и независност.
Иран погоди два танкера во Ормускиот Теснец: ќе скокне ли цената на нафтата до плафон?


