Иран погоди два танкера во Ормускиот Теснец: ќе скокне ли цената на нафтата до плафон?
Еден брод што пловел источно од клучната трговска маршрута бил погоден, додека друг бил нападнат во близина на брегот на Обединетите Арапски Емирати, но планирал да го продолжи патувањето, соопшти Британскиот центар за поморски трговски операции (УКМТО).
Најмалку два брода биле погодени од непознати проектили во близина на Ормускиот Теснец, додека Иран продолжува со напади низ Блискиот Исток како одговор на тековниот напад врз него од страна на САД и Израел, објави „Би-би-си“.
Препорачано
Еден брод што пловел источно од клучната трговска маршрута бил погоден, додека друг бил нападнат во близина на брегот на Обединетите Арапски Емирати, но планирал да го продолжи патувањето, соопшти Британскиот центар за поморски трговски операции (УКМТО).
Иран ги предупредил бродовите да не минуваат низ теснецот, низ кој се транспортираат околу 20 отсто од светската нафта и гас.
Меѓународниот бродски сообраќај речиси целосно запрел на влезот во теснецот, а стравувањата од прекин веќе ги туркаат нагоре глобалните цени на нафтата.
Најмалку 150 танкери фрлиле сидро во отворени води на Заливот надвор од Ормускиот Теснец, иако неколку ирански и кинески бродови денеска сепак поминале.
– Поради заканите од Иран, теснецот практично е затворен. Бродовите презедоа мерка на претпазливост и не влегуваат, бидејќи ризиците се превисоки, а трошоците за осигурување вртоглаво пораснаа изјавуваат извори запознаени со приликите – изјави извор запознаен со приликите.
Тој додаде дека САД најверојатно ќе се обидат да ги заштитат поморските рути, што доколку биде успешно би спречило нагло поскапување на нафтата, но доколку теснецот остане затворен подолг период, цените би можеле да одат „многу, многу повисоко“.
Зад операцијата за елиминација на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, стоеле месеци координација и подготовка меѓу САД и Израел. По нападите, регионот дополнително се дестабилизира, а денеска продолжија нови воздушни удари меѓу Иран и Израел, при што беа пријавени експлозии во Дубаи, Доха, Бахреин и во Кувајт.
Во меѓувреме, данската бродска компанија „Маерск“ соопшти дека ги прекинува пловидбите низ Баб ел-Мандеб и Суецкиот Канал и ги пренасочува бродовите околу ’Ртот на Добрата Надеж. Британскиот центар за поморски трговски операции (УКМТО) потврди дека два брода биле погодени, без да ги открие нивните имиња, додека извори за „Ројтерс“наведоа дека танкер со знаме на Маршалските Острови бил оштетен во близина на Оман.
Иранската државна телевизија, пак, тврди дека еден танкер тоне по наводен обид „нелегално“ да го мине Ормускиот Теснец, информација што „Би-би-си“ не можеше независно да ја потврди.
Ескалацијата веќе се одразува врз енергетските пазари. Иако официјалното тргување со нафтата Брент требаше да започне подоцна во неделата, прекуберзанските договори сигнализираат скок од околу 10 отсто, на приближно 80 долари за барел, а дел од аналитичарите предупредуваат дека цената може да надмине и 100 долари ако кризата потрае.
Земјите од ОПЕК+, меѓу кои Саудиска Арабија и Русија, најавија зголемување на производството за 206.000 барели дневно во обид да го ублажат притисокот, но експертите се скептични околу ефектот од таа мерка.
Според Едмунд Кинг од британската Автомобилска асоцијација, нарушувањата во снабдувањето речиси сигурно ќе доведат до повисоки цени на горивата, а нивниот интензитет и траење ќе зависат од развојот на конфликтот.


