ВИДЕО: Ивановски со гол и асистенција во победата на Динамо Букурешт

ивановски
Мирко Ивановски го запиша четвртиот гол сезонава за Динамо Букурешт/Фото: @octavian_cocolos/instagram.com/dinamobucurestiofficial

Составот на Динамо Букурешт убедливо со 4:0 славеше на домашен терен против екипата на Газ Метан во рамките од 27 коло во најсилното романско првенство.

Гол серијата ја стартуваше македонскиот интернациоалец Мирко Ивановски во 21 минута од средбата.

За него ова е вкупно трет погодок во 19 настапи за неговиот клуб во шампионатот. Голот можете да го погледнете ТУКА

Ивановски запиша и асистенција, односно во 77 минута правовремено го пронајде Торје во 77 минута за поставување на конечниот епилог. Асистенцијата можете да ја погледнете ТУКА

Ова е само четврта победа за Динамо Букурешт сезонава за моментно 15 место со 16 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот