ВИДЕО: Интер пресилен за Фиорентина, двоен стрелец Лаутаро Мартинез

фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Интер ја забележа и третата победа во низа од стартот на сезоната во најсилното италијанско фудбалско првенство.

Миланските „нераѕури“ на домашен терен на Џузепе Меаца стадионот со убедливи 4:0 ја совладаа Фиорентина.

Домаќините по првото полувреме водеа со голот на Тирам во 23 минута по асистенцијата на Димарко.

Тирам беше асистент на вториот погодок кој го реализираше Лаутаро Мартинез во 53 минута, а за 3:0 се погрижи Чалханоглу од пенал во 58 минута.

Конечниот епилог беше поставен во 73 минута со вториот гол на Лаутаро Мартинез, а асистенција запиша Куадрадо.

Се одигра уште еден меч во Серија А, Торино пред своите навивачи со голот на српскиот интернационалец Радоњиќ (90+4`) ја совлада Џенова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот