ВИДЕО: Интер ита шампионски во Серија А, клупски рекорд на „нераѕурите“

Лаутаро Мартинез беше еден од стрелците за Интер во „петардата“ против Салернитана/Салерно, Италија/17 декември 2021/Фото: EPA-EFE/MASSIMO PICA

Миланскиот клуб продолжува да доминира во најсилното италијанско првенство, вечерва убедливо славеше над Салернитана со 0:5.

Во првото полувреме Интер реализираше два гола преку Перишиќ во 11 и Думфрис во 33 минута од средбата на стадионот во Салерно.

По еднаш во листата на стрелците се запишаа уште Санчез во 52, Мартинез во 77 и Гаљардини во 87 минута.

Интер воедно стигна до клупски рекорд, со постигнувањето на вториот гол на мечот, стигнаа до јубилејниот 100 погодок годинава. Ова е и рекорд во историјата на клубот, најмногу досега реализираа во 1950 година кога застанаа на 99 погодоци.

Воедно стана четвртиот клуб во историјата на Серија А кој успеа да стигне до ова достигнување, Милан тоа го направи двапати со 105 голови во 1949 година и 120 голови во 1950 година, додека Ил Гранде Торино запиша 111 голови во 1947 година и 114 во 1948 година. Јувентус успеа да стигне до 100 голови само еднаш во 1933 година.

И Аталанта би можела да има бројка од 100 голови, моментно е на 99 погодоци.

Моментно играчите предводени од тренерот Симоне Инзаги се на првото место со 43 бодови, четири повеќе од второпласираниот Милан кој својот меч ќе го има на в недела против третопласираниот Наполи на Елиф Елмас кој има 37 бодови.

Салернитана останува на две победи оваа сезона и се наоѓа на последната 20 позиција со осум бодови.

Куп на Италија: Пандев, Елмас и Несторовски ги дознаа ривалите во осминафиналето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот