ВИДЕО | Инцидент во катедралата во Келн – маскиран маж ја прекина божикната миса
Илјадници верници се собрале на Бадник во катедралата во Келн за да ја прослават божикната миса, но празничната атмосфера ненадејно била нарушена од бизарен испад на маскиран маж, пишува германски „Билд“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Инцидентот ги шокирал присутните и брзо станал тема на социјалните мрежи.
Како што потврдила полицијата за „Билд“, од толпата скокнал маж облечен во црна наметка, со впечатлива златна маска на лицето и плишани уши на главата.
Пред олтарот извел кратка танцова точка. Веднаш реагирале редарите од катедралата, таканаречените Domschweizeri, кои без отпор го спровеле надвор од црквата.
Полициска интервенција не била потребна, никој не бил повреден, а снимка на која редарите го изнесуваат мажот брзо била објавена на Инстаграм.
Иако мисата продолжила, меѓу посетителите завладеал шок. Инцидентот предизвикал и лавина негативни коментари на интернет, а многумина го осудиле перформансот како чин на непочитување.
„Моите деца за момент навистина се исплашија“, коментирал еден маж. „Воопшто не ми е смешно. Почитта е на прво место“, додал друг. „Без разлика на верата… ако си во црква, однесувај се соодветно“, заклучил трет.
Засега нејасно е што стои зад овој испад на Бадник и дали станува збор за некаков предизвик или несоодветна шега.
Според информациите од келнската полиција, против изgredникот сè уште не е поднесена кривична пријава.
Ein Mann mit goldener Maske hat die Christvesper im Kölner Dom gestört, die Hintergründe des Vorfalls sind unklar. Eltern berichten von eingeschüchterten Kindern. Die Zahl antichristlicher Vorfälle und Straftaten ist zuletzt deutlich gestiegen.https://t.co/cHjcHXaf3a pic.twitter.com/vSOVKsQMJf
— Apollo News (@apollo_news_de) December 25, 2025


