ВИДЕО: Имобиле за три минути го урна Селтик на „Олимпико“, Шахтјор во игра за нокаут-фазата во ЛШ

Чиро Имобиле („Лацио“)/фото: EPA-EFE/MASSIMO PICA

Денеска во петтото коло од групата „Е“ Лацио стигна до третата победа сезонава во фудбалската Лига на шампионите откако со 2:0 пред своите навивачи на стадионот „Олимпико“ го совлада Селтик.

За шкотскиот Селтик нема европска пролет, а овој триумф на римските „небесно-сини“ може да биде доволен, доколку вечерва слави и Атлетико Мадрид на домашен терен против Феенорд, во спротивно и натаму ќе продолжи неизвесноста кои две екипи од оваа група ќе патуваат во нокаут-фазата.

Имобиле беше херојот на Италијанците во вечерашната победа, најпрвин влезе во игра од 61 минута, а потоа двапати се запиша во листата на стрелците во 82 и 85 минута.

Шахтјор Доњецк донесе уште поголема група во групата „Х“ по победата од 1:0 над белгискиот Антверпен кој ги загуби и теоретските шанси за третото место кое води во Лига Европа. Украинците дојдоа до важен триумф со голот на Матвиенко во 12 минута на стадионот во Хамбург.

Вечерва се игра уште еден меч од оваа група, Барселона за противник го има Порто. Моментно по девет бодови имаат Барселона, Порто и Шахтјор Доњецк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот