ВИДЕО | И Ноле е само човек: Синер во три драматични сета во Торино го победи Новак Ѓоковиќ!

фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Во дербито од „Зелената група“ на Завршниот АТП мастерс турнир во Торино, Италија, домашниот тенисер Јаник Синер го совлада првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ со резултат 2:1 во сетови 7:5, 6:7 (5) и 7:6 (2).

На тој начин Србинот ја пропушти првата шанса да се најде во полуфиналето, и сега ќе мора да го победи Хуберт Хуркач со 2:0 во последното коло за да биде сигурен кога е во прашање пласманот во следната фаза. Доколку Ѓоковиќ загуби сет (победа од 2:1), тогаш ќе му биде потребна „услуга“ од Синер да биде подобар од Холгер Руне.

фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Во првиот сет победникот го решаваа нијанси и два нешто послаби сервиси на Ѓоковиќ. Италијанецот го искористи тоа и стигна до брејк во 11 гем со фантастични ритерни. Тоа не остави трага во играта на Ѓоковиќ, кој продолжи брилијантно да сервира и во вториот сет, а воедно го притисна ривалот на негов сервис. Сепак, Синер сервираше неверојатно добро и не дозволи ниту брејк.

Одлуката дојде во тај брејкот каде Новак успеа да ја надополни мини брејк предноста што ја имаше Италијанецот. Кога беше најтешко, Ѓоковиќ одигра импресивни поени и се избори за трет сет.

Јаник имаше 4:2, а потоа следуваше првиот брејк на Новак, по 15 сервис-гема на Италијанецот во кои не успеа да му го одземе сервисот. Сепак, во тај брејк Ѓоковиќ немаше сили да му го зададе завршниот удар на својот ривал.

Носен од големата поддршка од трибините, Синер убедливо го доби тајбрејкот и триумфираше над Ѓоковиќ за првпат во кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот