27.8 C
Скопје

ВИДЕО I Крвопролевање во Рио: Брутален судир помеѓу полицијата и дилерите, најмалку 25 мртви, вклучително и полицаец

Во фавелата Јасакарезињо во Рио де Жанеиро се случи вооружен напад, во кој, според Би-Би-Си, биле убиени најмалку 25 лица, меѓу кои и еден полицаец.

Локалната полиција ја започна акцијата по извештајот дека дилерите на дрога врбувале деца за нивната банда.

Двајца патници во возот на метро биле погодени од куршуми, но тие преживеале, пишува Би-Би-Си.

Бројни полициски сили се испратени на местото на нападот.

Од раните утрински часови се пукаше во фавелата во северниот дел на Рио де Жанеиро, поради што локалното население не можеше да ги напушти своите домови.

Осомничените се обиделе да избегаат преку покриви кога полицијата со оклопни возила влегла во сиромашниот дел на Рио и над нив летале хеликоптери, јави локална телевизија.

Цивилната полиција во градот ја потврди смртта на еден од нивните полицајци, полицискиот инспектор Андре Леонардо де Мело Фриас.

Според тамошните медиуми, бандата што е цел на оваа рација се занимава со трговија со дрога, грабеж, убиства и киднапирања.

Рио де Жанеиро е една од најнасилните бразилски држави и огромните области ги контролираат криминалци, од кои многу се поврзани со моќни нарко банди. Безбедносните сили во Бразил честопати беа обвинети за употреба на прекумерна сила врз цивили за време на антикриминалните операции во поголемите градови.

Поврзани вести

Вулин: Да им се забрани влез во Србија на оние кои гласаа за Резолуцијата за геноцид во Сребреница

Катерина Стевовска

Главен научник на СЗО: Разочарува резултатот на вакцината „КјурВак“

Слободен печат

ВИДЕО | Вознемирувачка ситуација: Мечка влегла во град во Јапонија, четири лица се повредени

Слободен печат

Гебрејесус: Очекувам Гвинеја да прогласи крај на епидемијата на ебола

Катерина Стевовска

Штипјанец пронајден мртов во близина на селото Чардаклија

Слободен печат

Приведен дилер од Битола, пронајдени кокаин и марихуана

Слободен печат

Остави Коментар