Трамп правеше помфрит во ресторан на Мекдоналдс во Пенсилванија/Фото: POOL / Getty images / Profimedia

ВИДЕО и ФОТО: Доналд Трамп послужуваше во Мекдоналдс за да ја исмева Камала Харис

Демократката Камала Харис посети црква во Џорџија на нејзиниот 60-ти роденден во неделата, обидувајќи се да добие што е можно повеќе предвремени гласови. Доналд Трамп посети Мекдоналдс во Пенсилванија каде им служеше храна на луѓето.

Харис и Трамп, врзани во трката за претседател во најконкурентните држави, ги интензивираа своите напади еден врз друг во последните денови додека се обидуваат да добијат поддршка преку рана пошта или лично гласање во пресрет на изборите на закажани на 5 ноември.

Трамп служеше храна во Мексдоналдс/Фото: WIN MCNAMEE / Getty images / Profimedia

Харис, која била израсната со учењето на црнечката црква и која во младоста пеела во црковниот хор, присуствувала на службата и одржала говор во баптистичката црква New Birth во Стоункрест, Џорџија.

Осврнувајќи се на нејзините искуства од детството во оваа црква, Харис привлече остар контраст со суровата и раздорна реторика на актуелната политичка клима, без да го спомене Трамп по име.

Трамп, по ескалацијата на личните напади врз Харис во саботата, изјави за Брејтбарт Њуз дека ќе работи во недела во ресторан на Мекдоналдс во Пенсилванија „само за забава“ за да ја исмева Харис. Советникот на Трамп, Џејсон Милер, рече дека Трамп ќе работи во делот за помфрит во ресторанот.

Харис рече дека работела во Мекдоналдс кога била млада, а Трамп вели дека не и верува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот