ВИДЕО I Едно момче ја избегна судбината на неговите другари од „викендичката на смртта“: Познат е идентитетот на починатите

Веста за смртта на осумте тинејџери ја зави во црно БиХ  на првиот ден од 2021 година.

На кружниот тек во Посушје, на билбордот симболично светат осум запалени свеќи, а знамињата во општината се спуштени на половина копје.

Хрватските медиуми го објавија идентитетот на осумте млади луѓе кои загинаа на новогодишната ноќ – сите имале по 19 години:

И.М., роден на 29.08.2001 година во Посушје, со живеалиште во Поклечани, Посушје, С.Р. роден на 27.09.2001 година во Посушје со живеалиште во Поклечани, Посушје, М.Р. роден на 8 септември 2001 година во Швајцарија со живеалиште во Посушје, Ш.П. роден на 15.09.2001 година во Сплит со живеалиште во Врпоље, Посушје, М.С. роден 4.8.2001 година. во Сплит со живеалиште во Сутина, Посушје, С.П. роден на 22.09.2001 година во Мостар со живеалиште во Врпоље, Посушје, М.П. роден на 16 април 2001 година во Сплит со живеалиште во Врпоље, Посушје, С.Ј., роден на 9 август 2001 година во Мостар со живеалиште во Батин, Посушје, пишува Слободна Далмација.

U novogodišnjoj noći u strašnoj tragediji u Tribistovu u općini Posušje uslijed gušenja plinom u vikendici smrtno su…

Posted by Slike društva Ovršeni on Friday, January 1, 2021

По веста за смртта на осумте млади луѓе во Трибистово кај Посушје се одржа и вонредна телефонска сесија на Советот на министри на БиХ по што Кантонот на Западна Херцеговина прогласи тридневна жалост.

Српскиот претставник на претседателството на БиХ, Милорад Додик испрати телеграма со сочувство до семејствата на жртвите од несреќата, нагласувајќи дека смртта на осумте млади луѓе е голема загуба за нивните најблиски.

„Ја примив веста за големата трагедија што не снајде со тага. Ви испраќам изрази на најдлабоко сочувство за вашата болка“, истакна Додик.

Сочувство изразуваат луѓето од сите делови на БиХ, но и од регионот.

Како што неофицијално дознава Слободна Далмација од локалното население, во куќата имало и деветто лице, но младиот човек ја напуштил новогодишната прослава неколку часа по полноќ, бидејќи рано наутро морал да оди на работа во скијачкиот центар Блидиње.

Истрагата е во тек, а полицијата ќе објави нови информации по неа.

Засега се претпоставува дека причината за смртта е задушување, но официјалната причина за смртта ќе биде позната по истрагата и обдукцијата на телата. Осумте мртви тинејџери ги пронајдоа луѓе од соседната куќа.

„Имаше помлади луѓе кои ја чекаа Новата година во соседната куќа. Тие први забележаа дека никој не излезе од колибата што беше во близина. После тоа, тие се обидоа да влезат во колибата, но вратата беше заклучена. Еден од нив беше влегол и затекнал осум лица во бессознание на приземјето, по што повикал полиција“, изјави комесарот на МУП на HХК, Милан Галиќ.

Родителите и пријателите се посомневале дека нешто се случило кога никој од осумте млади луѓе не одговарал на телефон рано наутро, иако телефонските врски во тој дел биле нешто послаби. Во меѓувреме успеале да контактираат со соседите кои се наоѓале во соседната куќа. Откако викале и силно трескале по вратите и прозорците, им било сомнително и почнале да стравуваат дека се случило најлошото.

Еден од соседите го скршил стаклото со цел да влезе во зградата и да се провери. Кога ја отвори вратата видел ужасна глетка. Осум млади луѓе, од кои повеќето ги познавал, седеле неподвижни на каучот, а некои биле паднати на подот. Тој им пришол и брзо сфати дека нивните срца не чукаат. Тој повикал полиција и брза помош, кои, кога пристигнале на местото на несреќата, можеле да ја констатираат само смртта.

ВИДЕО: Срцепарателни сцени пред викендичката на смртта каде што се задушија 8 тинејџери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот