ВИДЕО: Срцепарателни сцени пред викендичката на смртта каде што се задушија 8 тинејџери

На првиот ден од новата 2021 година, целиот Балкан се потресе од трагичната вест дека осум тинејџери го загубиле животот за време на новогодишната ноќ.

Четворица млади момчиња и четири девојчиња се задушија во викенд куќа во Трибистово кај Посушје во Босна и Херцеговина.

Според првите информации, тие страдале од задушување со гас од агрегатот што ја снабдувал куќата со електрична енергија, а некои медиуми од регионот објавија дека се скинало цревото од шпоретот на гас.

Локалните медиуми објавија снимки објавија дека полицијата е на лице место е која претходно го блокираше патот што води кон викенд куќата, со цел да се спроведе истрага.

Исто така, во меѓувреме пристигнаа и возилата што ќе ги однесат безживотните тела на девојчињата и момчињата кои биле на возраст меѓу 18 и 19 години.

Скршени од болка, пред викендичката на смртта чекаат и членови на семејствата на децата.

Ослобоње.ба пренесе неофицијална информација дека преживеале две млади лица, односно дека во викендичката имало десет лица.

Хрватскиот член на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, го повика Советот на министри да прогласи ден на жалост во целата земја.

“Зачудени сме од оваа тажна вест за смртта на младите, што ја прави трагедијата уште поболна. Им изразувам длабоко сочувство на семејствата и пријателите на жртвите и сочувствувам со нивната болка. Го повикувам Советот на министри на Босна и Херцеговина да прогласи ден на жалост низ цела БиХ”. Телеграмата на Комшиќ.

“Загубивме осум млади животи, мислам дека е трагедија која долго ќе ја паметиме и се надевам дека нема да ги имаме повторно. Разговарав со дежурниот лекар, има обвинител, ќе се изврши обдукција. Не би рекол ништо повеќе, многу е да кажам нешто неблагодарно “, рече министерот за здравство Томислав Пејиќ во врска со трагедијата.

Детали за трагедијата во БиХ: Осум тинејџери се задушија со плин на новогодишна забава, соседите ги пронашле

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот