Детали за трагедијата во БиХ: Осум тинејџери се задушија со плин на новогодишна забава, соседите ги пронашле
Осуммина млади луѓе се задушија синоќа со плин во близина на градот Посушје во БиХ.
Препорачано
– Вистина е. Осуммина млади лица настрадаа, соопшти Министерството за внатрешни работи на Западнохерцеговскиот кантон.
Локалните медиуми објавија дека, според неофицијалните информации, во викендица биле пронајдени тела на осум тинејџери, а станува збор за средношколци и студенти. Младите луѓе најверојатно се задушиле со плин од агрегат кој ја снабдувал куќата со електрична енергија.
Весникот „Дневни Аваз” пишува дека трагедијата се случила во викендица во Паркот на природата Блидиње.
Дека нешто не е во ред први забележале соседите од блиската викендичка на кои им било чудно што никој не излегува. Прво чукнале на врата, а бидејќи никој не се јавил, одлучиле да го скршал стаклото од прозорецот.
– Во соседната викендичка исто така имало млади луѓе кои чекале Нова година. Тие први забележале дека никој не излегол од викендичката која се наоѓа во близина. После тоа се обиделе да влезат внатре во вратата била заклучена. Еден од нив влегол во приземјето и зетекнал осум лица во безсвесна состојба и повикал полиција, вели Милан Галиќ од полицијата на Западнохерцеговачкиот кантон.


