Фото: Screenshot

ВИДЕО: Хулигани се тепаа на улиците во БиХ – уништен е и еден автомобил

На улиците во Мостар дојде до жестока пресметка на две навивачки групи од овој град, а снимки од инцидентот се појавија и на социјалните мрежи.

Според објавите, навивачите на Зрињски, познати како „Ултраси“, нападнале припадници на „Ред Арми“, групата што го поддржува нивниот градски ривал Вележ. Пресметката, наводно, била однапред испланирана, а мета биле навивачи кои патувале кон Велс за натпревар на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Во објавите се тврди дека напаѓачите користеле летви, при што одзеле дел од облеката и личните работи на противничката група. На снимката, исто така, може да се забележи и запален автомобил.

Инаку, станува збор за првиот натпревар од баражот во кој Босна и Херцеговина бара победа за пласман во финалето, каде што ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Италија и Северна Ирска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот