ВИДЕО | Хорор на лет од Мадрид до Каракас: Патник се обидел да ја отвори вратата од авионот
Патниците на летот од Мадрид, Шпанија за Каракас, Венецуела доживеале моменти на ужас кога виделе сопатник како се обидува да отвори излез за итни случаи додека авионот бил во воздух.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како маж се приближува кон излезот за итни случаи, обидувајќи се да го отвори, а преплашената екипа и други луѓе се обидуваат да го спречат.
Стјуардеса, всушност, се здобила со скршеница на ногата пред да успеат да го совладаат опасниот патник.
Shocking moment a passenger ‘tries to open emergency exit’ during transatlantic flight. pic.twitter.com/DBhi9wdZIf
— Daily Mail Online (@MailOnline) March 4, 2025
Инцидентот се случи на летот на Плус Ултра Ерлајнс на 28 февруари, додека Ербас 330 бил на половина пат до Венецуела.
Според соопштението на авиокомпанијата, вознемирувањето започнало така што дотичниот патник „со глас го изнервирал лицето што седело до него и му удирал шлаканици додека заспал“.
Насилникот се предал на полицијата кога авионот слетал во Каракас.


