Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

ВИДЕО | Хет-трик на Меси за историја – повторно освојувач на Златната копачка во МЛС

Лионел Меси освои уште една Златна копачка во МЛС. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња успеа да постигне најмногу голови втора сезона по ред и со тоа да добие уште една награда.

Аргентинецот постигна хет-трик на натпреварот против Нешвил, кој Интер Мајами го доби на гости со резултат од 5:2.

Меси постигна гол во 35 минута по асистенцијата од Жорди Алба, во 63 минута од пенал и во 81 минута за убедливо да го заземе првото место на врвот на листата на стрелци.

Успеа да стигне до бројката од 29 гола, оставајќи го Денис Баунга зад себе со 24 гола.

Меси е првиот играч од Мајами што ја освоил Златната копачка и првиот Аргентинец што ја „одбранил“ оваа награда откако Валентин Кастељанос го направи тоа со Њујорк сити.

Сега Меси се чини дека е главен кандидат да стане првиот играч во историјата на лигата што ја освоил наградата за најкорисен играч двапати по ред под името „Лендон Донован“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот