Aвстралиска сенаторка , Полин Хансон облече бурка/Фото: Икс

ВИДЕО | Хаос во австралискиот парламент: Сенаторка се појави во бурка и предизвика бурни реакции

Крајно десничарската австралиска сенаторка Полин Хансон се појави во Парламентот облечена во бурка, што предизвика бурна реакција кај колегите и во јавноста. Сенатот ја прекина седницата повеќе од еден и пол час откако Полин Хансон од партијаата „Уан Нејшн“ влезе во салата облечена во бурка, фрустрирајќи ја, а потоа и одложувајќи ја дебатата во последната работна седмица на парламентот во годината, објави Еј-би-си Австралија.

Таа се залага за забрана на муслиманска облека на јавни места, па нејзината облека предизвика бес, а муслиманските сенатори ја обвинија за расизам.

Хансон носеше бурка бидејќи не беше поднесен закон со кој таа ќе се забрани на јавни места во Австралија. Штом влезе во салата, настана огромна врева, а седницата беше прекината откако таа одби да ја соблече.

Мехрин Фаруки, муслиманска сенаторка од Партијата на зелените од државата Нов Јужен Велс, го нарече дејствието „бесрамен расизам“. Фатима Пејман, независна сенаторка од државата Западна Австралија, го нарече дејствието „срамно“.

И Пени Вонг, лидерка на централно-левичарската лабуристичка влада на Австралија во Сенатот, и Ен Растон, заменик-лидерка на опозицијата во Сенатот, ги осудија постапките на Хансон.

Хансон, сенаторка од Квинсленд, првпат се истакна во 1990-тите поради нејзиното силно противење на азиската имиграција и барателите на азил, а со години водеше кампања против исламската облека за време на нејзината парламентарна кариера.

И во 2017 година таа носеше бурка во Парламентот, повикувајќи на национална забрана за неа. Партијата „Една нација“ на Хансон има четири места во Сенатот, откако освои две на општите избори во мај, во услови на растечка поддршка за крајно десничарските антиимиграциски политики.

Таа самата, во изјава на Фејсбук, изјави дека на овој начин протестирала против отфрлањето на законот што го предложила во Сенатот.

„Доколку Парламентот не забрани, ќе ја носам оваа угнетувачка, радикална, нерелигиозна покривка за глава што ја загрозува нашата национална безбедност и злоупотребата на жените, за секој Австралијанец да знае што е во прашање“, рече Хансон.

„Ако не сакаат да ја носам, нека ја забранат бурката“, инсистираше таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот