ВИДЕО: Халанд му донесе радост на Сити во 95 минута, нереален пресврт на Лидс

Ерлинг Халанд повторно е херој на „граѓаните“/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Во рамките од 15 коло во Премиер лигата екипата на Лидс, по големата победа над Ливерпул, им донесе нова радост на своите навивачи откако на „Еланд роуд“ со 4:3 триумфираше над Бурнмаут.

Уште во третата минута поведоа домаќините преку Родриго од пенал, а гостите не само што израмнија пет минута подоцна со голот на Таверние, туку и дојдоа до позитива со погодокот на Билинг (19`).

На стартот од вториот дел Соланке реализираше за 1:3, но тука не се предаде составот на Марш кој направи целосен пресврт благодарение на Гринвуд (60`), Купер (68`) и Самервил (84`).

Манчестер сити со крајни напори успеа на „Етихад“ да го совлада Фулам. Алварез стрелаше за водство на „граѓаните“ во 16 минута, израмни Переира од пенал во 28 минута, а конечниот епилог го постави Халанд во самиот финиш од средбата (90+5`) со прецизен удар од белата точка.

Во другите два натпревари, Нотингем форест ремизираше со Брентфорд (2:2), а Брајтон славеше кај Вулверхемптон (2:3).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот