Хајди Клум - Фото: Noam Galai / Getty images / Profimedia

ВИДЕО | Хајди Клум повторно го има најлудиот костим за Ноќта на вештерките: Рачно е насликан и на него работеле повеќе од 35 луѓе

Секоја година за Ноќта на вештерките, Хајди Клум ги воодушевува сите со своите имагинативни и хиперреалистични костими, а својот статус на кралица на маскирањето го потврди и оваа година на веќе традиционалната забава во хотелот „Хард Рок“, која ја организира од 2000 година.

Оваа година, таа се појави во костим на Медуза, кој внимателно го криеше сè до самата забава, откривајќи го само изгледот на нејзините заби. Ликот од грчката митологија што Хајди го оживеа е всушност една од Горгоните, монструозна жена која ги претвораше луѓето во камен. Затоа придружникот на Хајди, сопругот Том Каулиц (36), беше преправен во скаменет маж.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Како што откри Хајди, таа соработувала со шминкерот номиниран за Оскар, Мајк Марино, за да ја создаде маската, а во целиот проект биле вклучени повеќе од 35 луѓе. Вистинското создавање на костимот на денот на забавата траело десет часа, а секој детаљ бил рачно насликан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Германската манекенка повторно ја оправда својата титула кралица на најгламурозните забави за Ноќта на вештерките, со овогодинешното издание. Ова е 24-та забава по ред што ја организира, а од 2000 година не се одржа само две години, во 2020 и 2021 година, кога тоа не беше можно поради пандемијата на коронавирусот.

Таа имала голем број незаборавни костими низ годините, вклучувајќи ги Клеопатра, Џесика Рабит, Фиона од „Шрек“, врколак, црв и паун. За многумина, нејзиниот најимпресивен костим бил минатата година кога се појави како женска верзија на Е.Т. , лик од истоимениот култен филм на Стивен Спилберг од 1982 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот